Танц Камп со Матеј Крајцер од Словенија

Повторно заедно со нас! Светскиот Шампион во Латино Американски танци Матеј Крајцер од Словенија ќе одржи дводневен танц камп како дел од подготовките на спортските танцови двојки и солисти пред вториот дел од натпреварувачката танцовата сезона. Овој танц камп ќе се одржи на 16ти и 17ти Септември во просториите на танцовиот спортски клуб Ритам Плус како и дел во ООУ- Јохан Хајнрих Песталоци.