За танцовата историја во Македонија
Кога сонот станува стварност!
Сонот сонуван пред 49 години, денес е наша реалност.
Магијата наречена танц е мој сопатник низ речиси целиот мој живот, а денот, кога во 1974 година го почнав сонот- наречен танц, во Македонија воопшто и не можам да го заборавам . Потоа следуваше период на создавање на нешто од ништо, период исполнет со многу труд, одрекувања, љубов и ентузијазам, а сето тоа неизбежно резултираше со плод.
Се случи танцот во Македонија, се случи Ритам плус…
Тодор Миладинов
Започнете со најдобриот и најстар танцов клуб во Македонија
Контактирајте не за термини и групи.
Времеплов на настани во танцовата историја на Македонија
1930
Почетоци
Во триесетите години од дваесетиот век, во колевката на танцот, Англија, за прв пат се организирале танцови натпревари и се промовирал натпреварувачкиот начин на танцување. Спортското танцување подразбира секојдневни подготовки, напорни тренинзи и највисоко ниво на физичка подготвенот. Овa e спорт, кој многу често може да се перцепира и како гранична дисциплина меѓу уметноста и спортот, веројатно единствена од овој вид. Од 04.09.1997 Спортското танцување е прифатена дисциплна, од Меѓународниот Олимписки Комитет.
14 март 1975
Прв меѓународен танцов натпревар
На 14 март 1975, во организација на ТСК Ритам Плус, во преполната Dancing сала во МКЦ ( тогаш, Дом на млади 25 Мај), се одржал првиот танцов натпревар, а на 19 и 20 април 1997, во Универзална сала се одржува првиот меѓународен танцов натпревар кој бил дел од календарот на Светската Танцова Федерација (IDSF која потоа прераснува во WDSF). Заради овој натпревар Скопје, за прв пат се појавува на страниците на единствениот танцов магазин The International News, каде организираниот натпревар е оценет со највисоки оценки.
1992
Прво учество на интернационален натпревар
Првото учество на македонска танцова двојка надвор од нашите граници се случува во 1992 година, кога Панковски Тошо и Васевска Виолета нè претставуваат во Нинберг- Германија, натпревар кој се одржал како дел од соработката меѓу збратимените градови- Скопје и Нинберг.
1995
Танцова федерација
Овие револуционерни чекори, кои ги поставуваат основите за создавање, најпрво на Танцовата Федерација на Македонија, која подоцна прераснува во Танцова Спортска Федерација на Македонија, ја поставуваат и основата на спортското танцување кај нас.