Андреј Димоски и Ангела Спировска за прв пат во историјата на спортското танцување ја достигнуваат највисоката категорија “S” во латиноамерикански танци

Сонот стана реалност за овој танцов спортски пар во категорија Возрасни. Макотрпната работа, континуираното едуцирање, натпреварувачкиот континуитет, ја донесе нашата танцова двојка на врвот во својата кариера. Освојувајќи бодови кои се дел од бодовниот систем на целокупниот натпреварувачки систем на Танцовата Спортска Федерација на Македонија, ги направи првата танцова спортска двојка во историјата на нашата земја со оваа категорија. Им посакуваме уште поголеми успеси понатаму и достојно да се претставуваат на претстојните натпревари.