Нашиот тим
Главен тренер
Верица Василеска
Главен тренер на ТСК Ритам Плус, која поседува и WDSF судиска лиценца. Верица е една од оние триста ентузијасти кои биле присутни на првиот час по танцување кој се одржал кај нас. Нејзината речиси педесетгодишна кариера ја прави најискусна во областа и танцов педагог кој со своето знаење и посветеност одгледале генерации на успешни натпреварувачи/чки. Верица е дел од танцовата историја, која и понатаму ја обезбедува танцовата иднина.
Судија и Тренер
Иван Ангелковски
Тренер, лиценциран национален судија и професор по танц во средно училиште. Неговата експертиза и натпреварувачкото искуство се одговорни за квалитетот на нашите натпреварувачи/чки. Дел од својата тренерска кариера ја гради во САД, како дел од едно од најпознатите танцови студија во Њујорк – Dance With Me USA.
Дел од шампионскиот хип хоп тим, кој во 2010 година го освои петото место на Светското првенство, како дел од студиото Брејк А Лег.
Тој е еден од нашите најуспешни натпреварувачи со плодна танцова кариера низ која бил повеќекратен национален првак и финалист на многу меѓународни натпревари, од светскиот натпреварувачки календар.
Судија и Тренер
Симона Спировска
Тренер и носителка на национална судиска лиценца. Својата забележителна танцова кариера ја започнува на 5 години во ТСК Ритам Плус. Искуството и занењето стекнато низ 26 годишната натпреварувачка кариера, сега им го пренесува на младите натпреварувачи/чки.
Повеќекратна победничка на државни и меѓународни натпревари во латиноамерикански и стандардни танци.
СУДИЈА И ТРЕНЕР
Кристина Тарчуговска
Кандидат за судиска и тренерска лиценца, со долга и значајна натпреварувачка кариера, низ која била државен првак во сите возразни групи, во стандардни и латиноамерикански танци.
Нејзиниот исклучителен танчерски сензибилитет во последните години го преточува во инспирација за младите генерации натпреварувачи/ки, а своето формално образование го користи во организација на програмските активности на ТСК Ритам Плус.
Тренер
Огнен Анѓушев
Член на ТСК Ритам Плус и кандидат за тренерска лиценца. Огнен е еден од најмладите танцови педагози, со огромно танцово искуство, кое ги покрива и латиноамериканските и модерните танци. Неговите успеси на меѓународен план вклучуваат и победи во модерните танци, што е секако реткост не само кај нас, туку и во регионот.
Основоположник и судија
Тодор Миладинов
Тренери спремни да ви помогнат!
Контактирајте не за термини и групи.